Изберете Одржување на почетниот екран.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Изберете Наполни мастило.
Притиснете го копчето
за да ги прочитате сите мерки за претпазливост при полнењето мастило, а потоа притиснете го копчето OK за да продолжите.
Отворете го капакот за резервоарот за мастило.
Отворете го капачето за резервоарот за мастило.
Додека го држите исправено шишето со мастило, полека вртете го капачето за да го извадите.
Epson препорачува користење на оригинални шишиња со мастило Epson.
Внимавајте да не истурите мастило.
Не допирајте го горниот дел на шишето со мастило откако ќе го остраните капачето; во спротивно, може да се размачка со мастило.
Проверете ја горната линија (a) на резервоарот за мастило.
Порамнете го горниот дел на шишето со мастило со отворот за полнење, а потоа вметнете го шишето право во отворот за да се наполни мастило до горната линија, каде што сопира автоматски.
Мастилото почнува да тече, а протокот на мастилото автоматски запира кога мастилото ќе ја достигне горната линија.
Ако мастилото не почнува да тече во резервоарот, извадете го шишето со мастило и вметнете го повторно.
Меѓутоа, не вадете го и не вметнувајте го повторно шишето со мастило откако мастилото ќе ја достигне горната линија. Во спротивно, мастилото може да истече или печатачот може да се оштети ако мастилото се издигне над горната линија.
Кога ќе завршите со полнењето мастило, извадете го шишето со мастило.
Не оставајте го вметнато шишето со мастило; во спротивно, шишето може да се оштети или мастилото да протече.
Ако остане мастило во шишето со мастило, затегнете го капачето и зачувајте го шишето во исправна положба за подоцнежна употреба.

Добро затворете го капачето за резервоарот за мастило.

Добро затворете го капакот за резервоарот за мастило.
Притиснете го копчето
, а потоа следете ги инструкциите на екранот за да го поставите нивото на мастило.
Дури и ако не дополните мастило до горната линија на резервоарот за мастило, може да продолжите со користење на печатачот. Меѓутоа, за најдобро функционирање на печатачот, наполнете го резервоарот за мастило до горната линија и веднаш ресетирајте го нивото на мастило.