Внимавајте да не допрете мастило кога ракувате со резервоарот за мастило, со капачето на резервоарот за мастило, со отворено шише со мастило или капаче на шише со мастило.
Доколку ви капне мастило на кожата, измијте ја кожата темелно со сапун и вода.
Доколку ви влезе мастило во очите, веднаш исплакнете ги со вода. Доколку чувството на неугодност или проблемите со видот продолжат и по плакнењето, веднаш јавете се на лекар.
Ако ви влезе мастило во устата, веднаш одете на лекар.
Не расклопувајте ја кутијата за одржување; во спротивно може да ви влезе мастило во очите или на кожата.
Не протресувајте го шишето со мастило премногу силно и не нанесувајте прекумерна сила затоа што може да дојде до истекување на мастилото.
Чувајте ги шишињата со мастило и кутијата за одржување вон дофат на деца. Не дозволувајте децата да пијат од шишињата со мастило.