Ако печатачот е поврзан на интернет, може да го ажурирате фирмверот на печатачот со користење на контролната табла. Со ажурирање на фирмверот може да се подобри функционирањето на печатачот или да се додадат нови функции. Може да го поставите печатачот редовно да проверува за ажурирања на фирмверот и да ве извести ако се достапни.
Изберете Поставки на почетниот екран.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Изберете Ажурир. фирмвер > Ажурирај.
Овозможете Известување за да поставите печатачот редовно да проверува за достапни ажурирања за фирмверот.
Проверете ја пораката прикажана на екранот и притиснете на копчето OK за да започнете да пребарувате достапни ажурирања.
Ако пораката се прикаже на LCD екранот и ве извести дека е достапно ажурирање за фирмвер, следете ги упатствата на екранот за да започнете со ажурирање.
Не исклучувајте го или не извлекувајте го струјниот приклучок на печатачот додека ажурирањето не заврши; во спротивно, печатачот може да не работи правилно.
Ако ажурирањето на фирмверот не е завршено или е неуспешно, печатачот не се вклучува нормално и „Recovery Mode“ се прикажува на LCD екранот следниот пат кога ќе го вклучите печатачот. Во оваа ситуација, потребно е повторно да го ажурирате фирмверот со користење на компјутер. Поврзете го печатачот со компјутерот со USB-кабел. Додека се прикажува „Recovery Mode“ на печатачот, не може да го ажурирате фирмверот на мрежна конекција. На компјутерот, отворете ја локалната интернет страница на Epson и преземете ја најновата верзија на фирмвер за печатачот. Погледнете ги упатствата на интернет страницата за следни чекори.