Изберете ги големината и видот на хартијата што сте ги ставиле во изворот на хартија.
Изберете Вклучено за да внесете хартија од изворот на хартија поставен на големина со формат A4 кога нема извор на хартија поставен на формат Писмо (Letter) или внесете ја од изворот на хартија поставен на формат Писмо кога нема извор на хартија поставен на формат A4.
Изберете Вклучено за да ја намалите бучавата за време на печатење, меѓутоа, ова може да ја намали брзината на печатење. Во зависност од типот на хартија и избраните поставки за квалитет на печатење, можно е да нема разлика во нивото на бучава на печатачот.
Производот може да ја има оваа функција или функцијата Поставки за искл., во зависност од местото на продажба.
Изберете ја ова поставка за автоматски да го исклучите печатачот кога не го користите за одреден временски период. Можете да го прилагодите времето пред да се примени управувањето со енергија. Секое зголемување ќе влијае врз енергетската ефикасност на производот. Размислувајте еколошки пред да извршите каква било промена.
Производот може да ја има оваа функција или функцијата Тајмер за исклучување, во зависност од местото на продажба.
Исклучи напојување ако е неактивно
Изберете ја ова поставка за автоматски да го исклучите печатачот ако не го користите за одреден временски период. Секое зголемување ќе влијае врз енергетската ефикасност на производот. Имајте ја предвид животната средина пред да извршите каква било промена.
Искл. напој. ако е исклуч. од приклучок
Изберете ја оваа поставка за печатачот да се исклучи по одреден временски период откако ќе се прекинат врските со сите порти, вклучително и со USB портата. Оваа функција може да не биде достапна во зависност од регионот.
Погледнете ја следнава веб-страница за одредениот временски период.
Приспособете го временскиот период за да влезете во режимот за спиење (режим за зачувување на енергија) кога печатачот не извршува никакви задачи. LCD екранот ќе потемни кога ќе измине одреденото време.