> Ставање хартија > Поставки за големина и тип на хартијата

Поставки за големина и тип на хартијата

Големината и типот на хартијата може да ги проверите или да ги промените во екранот што се прикажува кога ќе ја вметнете касетата за хартија. Ако ги регистрирате големината и типот на хартијата, печатачот ве информира кога регистрираните информации се разликуваат од поставките за печатење. Со ова се спречува непотребно трошење на хартијата и мастилото бидејќи не печатите на хартија со несоодветна големина, но и не печатите со недоволен квалитет на печатењето поради поставки што не се соодветни за типот на хартијата.

Ако прикажаната големина и типот на хартијата се разликуваат од оние на ставената хартија, изберете Смени за да извршите промени. Изберете ги големината и типот на хартијата, проверете ги поставките, а потоа притиснете го копчето OK. Ако поставките се соодветни за ставената хартија, изберете Потврди.

Белешка:

Ако не сакате екранот со поставки за хартијата да се прикажува автоматски кога ќе ја вметнете касетата за хартија, на почетниот екран изберете Поставки > Поставување на печатачот > Пост. за изв. хар. > Ав. при. на пос. хар., а потоа изберете Исклучено.