Проверка и чистење на главата за печатење (Windows)

  1. Ставете обична хартија A4 во печатачот.

    Ставање хартија во Касета за хартија

  2. Отворете го прозорецот на двигателот за печатачот.

  3. Кликнете Проверка на прскалките во картичката Одржување.

  4. Следете ги инструкциите на екранот.

    Важно:

    Ако квалитетот на печатењето не се подобрува откако 3 пати ќе се повтори проверката на прскалките и ќе се исчисти главата, почекајте барем 6 часа без печатење, а потоа, ако е потребно, повторно проверете ги прскалките и исчистете ја главата. Препорачуваме да го исклучите печатачот користејќи го копчето . Ако квалитетот на печатењето не се подобрува, активирајте Интензивно чистење.