> Печатење > Печатење документи > Печатење од компјутер — Windows > Додавање зададени вредности за лесно печатење

Додавање зададени вредности за лесно печатење

Ако создадете свои зададени вредности на често користените поставки за печатење на двигателот за печатачот, лесно може да печатите избирајќи ја зададената вредност од списокот.

  1. Ставете хартија во печатачот.

    Ставање хартија во Касета за хартија

  2. Отворете ја датотеката што сакате да ја печатите.

  3. Изберете Печатење или Поставување печатење од менито Датотека.

  4. Изберете го својот печатач.

  5. Изберете Претпочитани вредности или Својства за да пристапите до прозорецот на двигателот за печатачот.

  6. Одредете ја секоја ставка (на пр. Голем. на документ и Вид хартија) во Главна или Повеќе опции.

  7. Кликнете Додај/Отстрани пред-поставки во Пред-поставки за печатење.

  8. Внесете Име и ако е потребно, внесете коментар.

  9. Кликнете Зачувај.

    Белешка:

    За да избришете зададена вредност, кликнете Додај/Отстрани пред-поставки, изберете го името на зададената вредност што сакате да ја избришете од списокот, па избришете ја.

    Картичка Главна

    Картичка Повеќе опции

  10. Кликнете Печати.

Следниот пат кога ќе сакате да печатите користејќи ги истите поставки, изберете го името на регистрираната поставка од Пред-поставки за печатење и кликнете OK.