Функцијата Интензивно чистење може да го подобри квалитетот на печатењето во следниве случаи.
Кога повеќето прскалки се затнати.
Кога сте извршиле проверка на прскалките и чистење на главата 3 пати и сте почекале најмалку 6 часа без да печатите, но квалитетот на печатењето не се подобрил.
Пред да ја активирате функцијава, употребете ја функцијата за проверка на прскалките и проверете дали прскалките се затнати, прочитајте ги следниве инструкции, а потоа активирајте Интензивно чистење.
Уверете се дека има доволно мастило во резервоарот за мастило.
Визуелно проверете дали резервоарот за мастило е полн барем до третина. Ниските нивоа на мастило за време на Интензивно чистење може да доведат до оштетување на производот.
Потребен е интервал од 12 часа помеѓу секое Интензивно чистење.
Норамлно, едно Интензивно чистење треба да го отстрани проблемот со квалитетот на печатење во рок од 12 часа.Од таа причина, за да избегнете непоребно користење на мастило, мора да почекате 12 часа пред да се обидете повторно.
Оваа функција влијае на траењето на перничињата за мастило.Перничињата за мастило го достигнуваат нивниот капацитет порано ако ја користите оваа функција.Ако перничињата за мастило го достигнат крајот од рокот на траење, контактирајте со службата за поддршка на Epson за замена.
Кога нивоата на мастило се недоволни за Интензивно чистење, не може да ја активирате оваа функција.Дури и во овој случај, нивоата за печатење може да останат.