Со овој печатач може да го користите некој од следниве начини на скенирање.
Има два начина за скенирање на оригиналите во компјутер; скенирање со користење на контролната табла на печатачот, како и скенирање од компјутерот.
Може лесно да скенирате користејќи ја контролната табла. Пред скенирањето, инсталирајте Epson Event Manager и Epson Scan 2 на компјутерот.
Користете ја апликацијата за скенирање Epson ScanSmart за да скенирате од компјутерот. По скенирањето, може да ги уредувате сликите. Пред скенирањето, инсталирајте Epson ScanSmart на компјутерот.
Користејќи ја функцијата WSD, скенираната слика може да ја зачувате на компјутер поврзан со печатачот.
Ако користите Windows 7/Windows Vista, треба да правите WSD поставки на компјутерот пред скенирање.
Кога безжичниот рутер е поврзан со истата мрежа како и печатачот, може да ги зачувувате скенираните слики директно на паметен уред, како што е паметен телефон или таблет, користејќи ја апликацијата Epson iPrint на паметниот уред.
Пред да скенирате, инсталирајте ја Epson iPrint на паметниот уред.