> Решавање проблеми > Време е да дополните мастило > Дополнување на резервоарот за мастило

Дополнување на резервоарот за мастило

  1. Изберете Одржување на почетниот екран.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  2. Изберете Наполни мастило.

  3. Притиснете го копчето за да го поместите резервоарот за мастило до позицијата за полнење.

  4. Притиснете го копчето за да ги прочитате сите мерки за претпазливост при полнењето мастило, а потоа притиснете го копчето OK за да продолжите.

  5. Отворете го скенерот со затворен капак за документи.

  6. Отворете го капачето на резервоарот за мастило.

  7. Додека го држите исправено шишето со мастило, полека вртете го капачето за да го отстраните.

    Важно:
    • Epson препорачува користење на оригинални шишиња со мастило Epson.

    • Внимавајте да не истурите мастило.

    • Не допирајте го горниот дел на шишето со мастило откако ќе го остраните капачето; во спротивно, може да се размачка со мастило.

  8. Проверете ја горната линија (a) на резервоарот за мастило.

  9. Порамнете го горниот дел на шишето со мастило со отворот за полнење, а потоа вметнете го шишето директно во отворот за да наполните мастило до горната линија.

    Мастилото почнува да тече, а протокот на мастилото автоматски запира кога мастилото ќе ја достигне горната линија.

    Ако мастилото не почнува да тече во резервоарот, извадете го шишето со мастило и вметнете го повторно. Меѓутоа, не вметнувајте го повторно шишето со мастило откако мастилото ќе ја достигне горната линија. Во спротивно, мастилото може да истече.

    Важно:

    Не дозволувајте горниот дел од шишето со мастило да дојде во допир со предмети откако ќе го отстраните капачето; во спротивно, мастилото може да се истури.

  10. Кога ќе завршите со полнењето мастило, извадете го шишето со мастило.

    Важно:

    Не оставајте го вметнато шишето со мастило; во спротивно, шишето може да се оштети или мастилото да протече.

    Белешка:

    Ако остане мастило во шишето со мастило, затегнете го капачето и зачувајте го шишето во исправна положба за подоцнежна употреба.

  11. Затворете го капачето за резервоарот за мастило.

  12. Притиснете го копчето , а потоа следете ги инструкциите на екранот за да го поставите нивото на мастило.

    Белешка:

    Дури и ако не дополните мастило до горната линија на резервоарот за мастило, може да продолжите со користење на печатачот. Меѓутоа, за најдобро функционирање на печатачот, наполнете го резервоарот за мастило до горната линија и веднаш ресетирајте го нивото на мастило.

  13. Затворете го скенерот.