Печатење извештај за мрежна врска

Може да отпечатите извештај за мрежна врска за да го проверите мрежниот статус на печатачот.

  1. Ставете хартија.

  2. Изберете Поставки на почетниот екран.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  3. Изберете Извештаи > Мрежа.

    Започнува проверката на врската.

  4. Притиснете го копчето .

  5. Следете ги инструкциите на екранот на печатачот за да отпечатите извештај за мрежна врска.

    Ако настанала грешка, проверете го извештајот за мрежната врска и следете ги отпечатените решенија.

  6. Притиснете го копчето OK.