Печатење документи со Epson Print Enabler

Може безжично да печатите документи, е-пораки, фотографии и веб-страници директно од вашиот телефон со Android или таблет (Android v4.4 или понова верзија). Со неколку допири, вашиот уред со Android ќе открие печатач Epson што е поврзан на истата мрежа.

Белешка:

Операциите може да се разликуваат зависно од уредот.

  1. Ставете хартија во печатачот.

    Ставање хартија во Касета за хартија

  2. На уредот со Android, инсталирајте го приклучокот Epson Print Enabler од Google Play.

  3. Поврзете го уредот со Android со безжичниот рутер.

  4. Одете на Поставки на вашиот уред со Android, изберете Печатење, а потоа овозможете го Epson Print Enabler.

  5. Од апликација за Android, како на пример Chrome, допрете на иконата за менито и отпечатете го она што го гледате на екранот.

    Белешка:

    Ако не го гледате печатачот, допрете Сите печатачи и изберете го печатачот.