Картичка Главна

Пред-поставки за печатење:

Додај/Отстрани пред-поставки:

Може да додавате или да отстранувате претходно поставени вредности за често користени поставки за печатење. Изберете ја претходно поставената вредност којашто сакате да ја користите од листата.

Голем. на документ:

Изберете ја големината на хартија на којашто сакате да печатите. Ако изберете Кориснички дефинирано, внесете ги ширината и висината на хартијата.

Ориентација:

Изберете ја ориентацијата којашто сакате да ја користите за печатење.

Вид хартија:

Изберете го типот хартија на којашто печатите.

Квалитет:

Изберете го квалитетот на печатење којшто сакате да го користите за печатење. Достапните поставки зависат од типот на хартијата којашто ќе ја изберете. Ако изберете Високо се добива печатење со повисок квалитет, но брзината на печатење може да се намали.

Двострано печатење:

Може двострано да печатите.

Settings:

Може да го одредите работ на врзување и маргините на врзување.

По. стр.:

Може да печатите неколку страници на еден лист или да печатите постери. Кликнете редослед на приказ за да го одредите редоследот на печатење на страниците.

Copies:

Одредете го бројот на страници за печатење.

Сортирај:

Печати документи со повеќе страници сортирани по редослед и во комплети.

Обратен редослед:

Може да печатите од последната страница така што страниците се наредени според точен редослед по печатење.

Тивок режим:

Се намалува шумот којшто го прави печатачот. Меѓутоа, ако го овозможите ова, може да се намали брзината на печатење.

Преглед за печатење:

Се прикажува преглед на документот пред печатење.

Аранжер на налози Лајт:

Job Arranger Lite ви овозможува да комбинирате неколку датотеки создадени од различни апликации и да ги печатите во само една задача за печатење.

Покажи поставки/Сокриј поставки:

Се прикажува список со тековните поставки во картичките Главна и Повеќе опции. Може да го прикажете или да го скриете екранот со списокот со тековни поставки.

Врати стандардни:

Вратете ги сите поставки на нивните фабрички, стандардни вредности. И поставките на јазичето Повеќе опции се ресетираат на нивните стандардни вредности.

Нивоа на мастилото:

Прикажува приближно ниво на мастилото.