Поврзување со компјутер преку Wi-Fi

Автоматски може да ја конфигурирате Wi-Fi конекцијата помеѓу печатачот и компјутерот со помош на инсталатер.

Белешка:

Содржината прикажана на екраните се разликува во зависност од моделот, ОЅ или ситуацијата.

  1. Посетете ја следнава интернет страница од компјутерот којшто сакате да го поврзете со печатачот и внесете го името на производот.

    http://epson.sn

  2. Одете на Поставување.

  3. Кликнете на Преземање за да го преземете инсталатерот.

  4. Стартувајте го инсталатерот со кликнување или двојно кликнување на преземениот документ.

    Белешка:
    • Ако не можете да го најдете преземениот документ, проверете ги фолдерите Десктоп или Преземања на вашиот компјутер. Дестинацијата на зачувување може да се промени во зависност од пребарувачот или ОЅ.

    • Кога користите Mac, се прикажува екранот за потврда. Внесете ги корисничкото име и лозинката за да започнете со поставувањето.

  5. Проверете го договорот за лиценцаи кликнете Следно.

  6. Овозможете или оневозможете ги наведените ставки и потоа кликнете Следно.

    Белешка:

    Ако се прикажува Изберете софтверска инсталација екранот, изберете Сменете го или повторно поставете го начинот на поврзување и потоа кликнете Следно.

  7. Изберете Поврзување Wi-Fi на следниот екран, а потоа кликнете Следно.

    Следете ги упатствата на екранот.