Промена на методот на поврзување во Wi-Fi

Обидете се со оваа постапка ако печатачот веќе бил поврзан со компјутерот преку USB, но сакате да го промените во Wi-Fi конекција.

Белешка:

Содржината прикажана на екраните се разликува во зависност од моделот, ОЅ или ситуацијата.

  1. Извадете го USB кабелот од печатачот ако сте го поврзале печатачот преку USB.

  2. Поврзете го компјутерот на SSID за точката на пристап на којашто сакате да се поврзете.

  3. Посетете ја следнава интернет страница од компјутерот којшто сакате да го поврзете со печатачот и внесете го името на производот.

    http://epson.sn

  4. Одете на Поставување.

  5. Кликнете на Преземање за да го преземете инсталатерот.

  6. Стартувајте го инсталатерот со кликнување или двојно кликнување на преземениот документ.

    Белешка:
    • Ако не можете да го најдете преземениот документ, проверете ги фолдерите Десктоп или Преземања на вашиот компјутер. Дестинацијата на зачувување може да се промени во зависност од пребарувачот или ОЅ.

    • Кога користите Mac, се прикажува екранот за потврда. Внесете ги корисничкото име и лозинката за да започнете со поставувањето.

  7. Проверете го договорот за лиценцаи кликнете Следно.

  8. Овозможете или оневозможете ги наведените ставки и потоа кликнете Следно.

  9. Изберете Сменете го или повторно поставете го начинот на поврзување на екранот Изберете софтверска инсталација и кликнете на Следно.

  10. Изберете Поврзување Wi-Fi на следниот екран, а потоа кликнете Следно.

    Следете ги упатствата на екранот.