Решенија ако не можете да се поврзете на Ethernet

Обидете се со следните решенија.

  • Проверете дали хабот е вклучен.

  • Рестартирајте го хабот (имајте ги предвид останатите корисници коишто може да ја користат мрежата). Чекајте околу една минута откако ќе го рестартирате хабот, а потоа повторно проверете ја конекцијата.

  • Проверете дали Ethernet кабелот е сигурно поврзан. Ако сијаличката за статусот на конекцијата е исклучена, проверете го статусот на сијаличката со поврзување на друга порта или менување на Ethernet кабелот. Ако тоа не го реши проблемот, заменете го хабот.

  • Рестартирајте го печатачот. Редоследот по кој печатачот и хабот се вклучуваат може да предизвика привремена грешка во поврзувањето. Чекајте околу една минута откако ќе го рестартирате печатачот, а потоа повторно проверете ја конекцијата.

  • Ако постои проблем со IP адресата, мрежната конекција може да биде нестабилна или недостапна. Проверете ја IP адресата за декој уред и доделете единствени IP адреси.

  • Ако го промените начинот на поврзување од Wi-Fi во Ethernet, треба да го оневозможите Wi-Fi за да го овозможите Ethernet. Исклучете го Wi-Fi од контролниот панел на печатачот.

  • Кога користите Ethernet, печатачот и хабот може да не се поврзуваат ако нивните начини на поврзување не се совпаѓаат. Погледнете ги следните детали за достапните комбинации на начин на поврзување.

    Хаб

    Автоматски

    1000Base-T Полн дуплекс

    1000Base-T Половина дуплекс

    100Base-TX Полн дуплекс

    100Base-TX Половина дуплекс

    10Base-T Полн дуплекс

    10Base-T Половина дуплекс

    Печатач

    Автоматски

    100Base-TX Полн дуплекс

    100Base-TX Половина дуплекс

    10Base-T Полн дуплекс

    10Base-T Половина дуплекс

Белешка:

Може да го промените начинот на поврзување со EpsonNet Config или Web Config. Ако немате EpsonNet Config, преземете го од следниот веб-сајт на Epson.

http://www.epson.eu/Support (Европа)

http://support.epson.net/ (надвор од Европа)