Додавање на поврзување преку компјутер — Windows

Преземете го софтверот од интернет страницата и направете ги поставувањата за конекција за додавање на компјутер. Постапката е објаснета под услов печатачот веќе да е поврзан со мрежата, а компјутерот кој сакате да го додадете е поврзан со истата SSID.

Белешка:

Содржината прикажана на екранот се разликува во зависност од моделот и ситуацијата.

  1. Посетете ја следнава интернет страница од компјутерот којшто сакате да го поврзете со печатачот и внесете го името на производот.

    http://epson.sn

  2. Одете на Поставување.

  3. Кликнете на Преземање за да го преземете инсталатерот.

  4. Стартувајте го инсталатерот со кликнување или двојно кликнување на преземениот документ.

    Белешка:

    Ако не можете да го најдете преземениот документ, проверете ги фолдерите Десктоп или Преземања на вашиот компјутер. Дестинацијата на зачувување може да се промени во зависност од пребарувачот.

  5. Проверете го договорот за лиценцаи кликнете Следно.

  6. Овозможете или оневозможете ги наведените ставки и потоа кликнете Следно.

    Белешка:

    Ако се прикажува Изберете софтверска инсталација екранот, изберете Сменете го или повторно поставете го начинот на поврзување и потоа кликнете Следно.

  7. Изберете го името на печатачот кој сакате да го поврзете, а потоа кликнете Следно.

    Следете ги упатствата на екранот.