Додавање на поврзување преку компјутер — Mac OS X

Преземете го софтверот од интернет страницата и направете ги поставувањата за конекција за додавање на компјутер. Постапката е објаснета под услов печатачот веќе да е поврзан со мрежата, а компјутерот кој сакате да го додадете е поврзан со истата SSID.

Белешка:

Содржината прикажана на екранот се разликува во зависност од моделот и ситуацијата.

  1. Посетете ја следнава интернет страница од компјутерот којшто сакате да го поврзете со печатачот и внесете го името на производот.

    http://epson.sn

  2. Одете на Поставување.

  3. Кликнете на Преземање за да го преземете инсталатерот.

  4. Стартувајте го инсталатерот со кликнување или двојно кликнување на преземениот документ.

  5. Двојно кликнете на следната икона.

  6. Проверете го договорот за лиценцаи кликнете Следно.

  7. Селектирајте го софтверот за инсталација и кликнете Инсталирај.

    Мрежни алатки Epson и Драјвер и алатки Epson мора да се селектирани.

    Започнува инсталација на софтверот.

  8. Изберете Дополнителен компјутер на следниот екран.

    Следете ги упатствата на екранот.