Решенија ако не можете да печатите или скенирате преку Wi-Fi од компјутер

Обидете се со следните решенија.

  • Исклучете ги уредите кои сакате да ги поврзете на мрежата. Чекајте околу 10 секунди, а потоа вклучете ги уредите по следниот редослед; точка на пристап, компјутер, а потоа печатач. Преместете ги печатачот и компјутерот поблиску до точката на пристап и отстранете ги сите пречки меѓу нив за помош на поврзувањето со радио бранови, а потоа обидете се повторно да ги направите поставките за мрежата.

  • Може да ја проверите јачината на радиобранот од колоната [Безжично] на листата за статус на мрежа. Ако [Јачината на сигналот] е [Слаба], јачината на радиобранот можеби е слаба. Ако печатачот има LCD екран, исто така може да ја проверите јачината на радиобранот од почетниот екран. Преместете ги печатачот и точката на пристап поблиску еден до друг. Ако настанат пречки, оддалечете ги од останатата опрема со електромагнетни бранови или радио опрема.

  • Проверете дали SSID и лозинката за точката на пристап се точни. Ако користите точка на пристап со стандардни поставки, SSID и лозинката се на етикетата. Ако не ги знаете SSID и лозинката, контактирајте со лицето кое ја поставило точката на пристап или погледнете ја документацијата испорачана со точката на пристап. Лозинката е осетлива на големи и мали букви.

  • Ако точката на пристап е поставена да го скрие SSID, директно внесете ги SSID и лозинката на печатачот и компјутерот.

  • Ако портот на печатачот е погрешен, не може да печатите или печатењето може да запре. Проверете дали портот за печатење е правилно поставен и избран.

  • Употребете ја командата Ping за да се осигурате дека печатачот и компјутерот се поврзани.

  • Проверете дали средината на мрежата се променила. Ако сте ја промениле точката на пристап, повторно направете ги мрежните поставки и поврзете го компјутерот и печатачот на истата мрежа. Мрежата може да ја проверите на извештајот за мрежното поврзување.

  • Ако печатачот не е прикажан на екранот за додавање на печатач доколку користите Mac OS X и Ethernet и Wi-Fi мрежи, приоритетот на мрежата помеѓу печатачот и уредот може да биде слаб. Зголемете го приоритетот на мрежата.

  • Ако е активиран одделувач за приватност на точката на пристап, не може да комуницирате помеѓу поврзаните уреди. Декативирајте го одделувач за приватност и обидете се повторно. Погледнете ја документацијата обезбедена со точката на пристап за детали.