Решенија ако не можете да печатите или скенирате преку Wi-Fi од паметен уред

Обидете се со следните решенија.

  • Исклучете ги уредите кои сакате да ги поврзете на мрежата. Чекајте околу 10 секунди, а потоа вклучете ги уредите по следниот редослед; точка на пристап, паметен уред, а потоа печатач. Преместете ги печатачот и паметниот уред поблиску до точката на пристап и отстранете ги сите пречки меѓу нив за помош на поврзувањето со радио бранови, а потоа обидете се повторно да ги направите поставките за мрежата.

  • Ако печатачот не може да прима доволно сигнали од точката на пристап, приближете ги поблиску еден кон друг. Ако настанат пречки, оддалечете ги од останатата опрема со електромагнетни бранови или радио опрема. Може да ја проверите јачината на радиобранот од колоната Wireless на листата за статус на мрежа. Ако Signal Strength е Fair, јачината на радиобранот може да биде слаба. Ако печатачот има LCD екран, исто така може да ја проверите јачината на радиобранот од почетниот екран.

  • Проверете дали SSID и лозинката за точката на пристап се точни. Ако користите точка на пристап со стандардни поставки, SSID и лозинката се на етикетата. Ако не ги знаете SSID и лозинката, контактирајте со лицето кое ја поставило точката на пристап или погледнете ја документацијата испорачана со точката на пристап. Лозинката е осетлива на големи и мали букви.

  • Ако точката на пристап е поставена да го скрие SSID, директно внесете ги SSID и лозинката на печатачот и паметниот уред.

  • Проверете дали средината на мрежата се променила. Ако сте ја промениле точката на пристап, повторно направете ги мрежните поставки и поврзете ги паметниот уред и печатачот на истата мрежа. Мрежата може да ја проверите на извештајот за мрежното поврзување.

  • Ако е активиран одделувач за приватност на точката на пристап, не може да комуницирате помеѓу поврзаните уреди. Декативирајте го одделувач за приватност и обидете се повторно. Погледнете ја документацијата обезбедена со точката на пристап за детали.