Поврзување со компјутер преку Ethernet — Mac OS X

Автоматски може да ја конфигурирате Ethernet конекцијата помеѓу печатачот и компјутерот со помош на инсталатер.

Белешка:

Содржината прикажана на екранот се разликува во зависност од моделот и ситуацијата.

  1. Посетете ја следнава интернет страница од компјутерот којшто сакате да го поврзете со печатачот и внесете го името на производот.

    http://epson.sn

  2. Одете на Поставување.

  3. Кликнете на Преземање за да го преземете инсталатерот.

  4. Стартувајте го инсталатерот со кликнување или двојно кликнување на преземениот документ.

  5. Двојно кликнете на следната икона.

  6. Проверете го договорот за лиценцаи кликнете Следно.

  7. Селектирајте го софтверот за инсталација и кликнете Инсталирај.

    Мрежни алатки Epson и Драјвер и алатки Epson мора да се селектирани.

    Започнува инсталација на софтверот.

  8. Изберете Мрежно поврзување Ethernet на следниот екран.

    Следете ги упатствата на екранот.