Поврзување од паметен уред преку Epson iPrint

Поврзете паметен уред на печатач којшто е веќе поврзан на Wi-Fi или Wi-Fi Direct (Едноставна AP) мрежа. Претходно конфигурирајте ги поставките на мрежата за вашиот печатач.

Белешка:

Во зависност од OS верзијата или моделот, начинот на работењето е различен. Погледнете ја документацијата испорачана со паметниот уред во врска со упатството за употреба.

  1. Допрете го Wi-Fi од екранот Поставки на вашиот паметен уред.

    • Android
    • iOS
  2. Овозможете го Wi-Fi.

    • Android
    • iOS
  3. На вашиот паметен уред, изберете ја истата SSID како и печатачот, а потоа внесете ја лозинката.

    Белешка:

    Може да ја проверите SSID на којашто печатачот е веќе поврзан со печатење на извештај за статус на мрежа.

  4. Откако ќе ја воспоставите конекцијата, вратете се на домашниот екран на паметниот уред.

  5. Вклучете го Epson iPrint на вашиот паметен уред.

    Ако Epson iPrint не е инсталиран, инсталирајте го на паметниот уред од следниот URL ил QR код.

    http://ipr.to

  6. Допрете го Printer is not selected. или името на печатачот на врвот од екранот.

  7. Допрете Printer.

  8. Изберете го името на печатачот којшто сакате да го поврзете.

    Ако конекцијата е успешна, се прикажува колку мастило/тонер има останато.