Промена на методот на поврзување во Wi-Fi — Windows

Обидете се со оваа постапка ако печатачот веќе бил поврзан со компјутерот преку Ethernet или USB, но сакате да го промените во Wi-Fi конекција.

Белешка:

Содржината прикажана на екранот се разликува во зависност од моделот и ситуацијата.

  1. Извадете го Ethernet или USB кабелот од печатачот ако сте го поврзале печатачот преку Ethernet или USB.

  2. Поврзете го компјутерот на SSID за точката на пристап на којашто сакате да се поврзете.

  3. Посетете ја следнава интернет страница од компјутерот којшто сакате да го поврзете со печатачот и внесете го името на производот.

    http://epson.sn

  4. Одете на Поставување.

  5. Кликнете на Преземање за да го преземете инсталатерот.

  6. Стартувајте го инсталатерот со кликнување или двојно кликнување на преземениот документ.

    Белешка:

    Ако не можете да го најдете преземениот документ, проверете ги фолдерите Десктоп или Преземања на вашиот компјутер. Дестинацијата на зачувување може да се промени во зависност од пребарувачот.

  7. Проверете го договорот за лиценцаи кликнете Следно.

  8. Овозможете или оневозможете ги наведените ставки и потоа кликнете Следно.

  9. Изберете Сменете го или повторно поставете го начинот на поврзување на екранот Изберете софтверска инсталација.

  10. Изберете Поврзување Wi-Fi на следниот екран, а потоа кликнете Следно.

    Следете ги упатствата на екранот.