Поставување и поврзување од компјутер со WSD порта (само за Windows)

Во овој дел се објаснува како да се постави WSD портата за Windows 7/Windows Vista.

Белешка:

За Windows 8 или следни верзии, WSD портата се поставува автоматски.

Следното е потребно за поставување на WSD порта.

  • Печатачот и компјутерот се поврзани на мрежата.

  • Драјверот на печатачот е инсталиран на компјутерот.

  1. Вклучете го печатачот.

  2. Кликнете на почетното копче и кликнете на Мрежа на компјутерот.

  3. Кликнете со десното копче на иконата за печатач и кликнете на Инсталирај.

    Кликнете на Continue (Продолжи) кога ќе се прикаже Контрола на корисничка смета.

    Кликнете на Поништи инсталација и започнете повторно ако се прикаже екранот Поништи инсталација.

    Белешка:

    Името на печатачот којшто сте го поставиле на мрежата и името на моделот (EPSONXXXXXX(XX-XXXX)) се прикажуваат на екранот за мрежа. Може да го проверите името на печатачот на мрежата од контролниот панел на печатачот или со печатење на листа за статус на мрежа или со извештај за мрежното поврзување.

  4. Кликнете на Вашиот уред е подговтвен за употреба.

  5. Проверете ја пораката и кликнете на Затвори.

  6. Отворете го екранот за уреди и печатачи.

    • Windows 7
      Кликнете на почетното копче > Контролен панел > Хардвер и звук (или Хардвер) > Уреди и печатачи.
    • Windows Vista
      Кликнете на почетното копче > Контролен панел > Хардвер и звук > Печатачи.
  7. Проверете дали се прикажува икона со името на печатачот на мрежата.

    Изберете го името на печатачот кога печатите со WSD.