EPSON Software Updater исталира дополнителен софтвер. Исто така може да се ажурира фирмверот на печатачот и инсталираниот софтвер.
Ако EPSON Software Updater не е инсталиран, пристапете на следниот веб-сајт.
Внесете го името на производот, одете на Поставување, а потоа кликнете Преземање за да го преземете инсталатерот. Кликнете или двојно кликнете на преземениот документ за да го вклучите инсталатерот. Ако се прикажува Изберете софтверска инсталација екранот, изберете Инсталирање апликации и потоа кликнете Следно.
Активирајте го EPSON Software Updater.
Изберете го името на софтверот кој сакате да го инсталирате од последната листа на софтвер, потоа инсталирајте го.
Доколку користите многу производи, изберете ги имињата на моделите. Листата ги прикажува имињата на ажурираните софтвери и софтверите кои се достапни од веб-сајтот.