Ако вашиот печатач веќе се прикажува во Печатачи и Скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати по факс), изберете го печатачот и кликнете на – за да го избришете. Додадете ги драјверот за печатачот и драјверот за факсот (за модели со функција за факс) според упатствата подолу.
Изберете
мени > Претпочитани вредности на системот > Печатачи и Скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати по факс).
Кликнете на +.
Изберете Додај печатач или скенер.
Изберете го вашиот Epson печатач од листата.
Изберете го драјверот според името на печатачот.
Според табелата подолу проверете дали сте го избрале вистинскиот.

|
Начин на поврзување |
Драјвер на печатач |
Драјвер на факс |
|---|---|---|
|
USB |
EPSON XXXXX |
FAX XXXXX (USB) |
|
Мрежа |
EPSON XXXXX EPSON XXXXX -YYYYYY |
FAX EPSON XXXXX (IP) FAX EPSON XXXXX -YYYYYY (IP) FAX ZZZ.ZZZ.ZZZ.ZZZ (IP) |
* XXXXX = име на производ. YYYYYY = MAC адреса 6 цифри. ZZZ.ZZZ.ZZZ.ZZZ = IP адреса.
Кликнете на Додај.
Откако ќе ги додадете драјверите, не треба повторно да ги додавате освен ако го промените начинот на поврзување или користите поинаков производ. Проверете дали уредот е вклучен и правилно поврзан со компјутерот преку USB или мрежна конекција. Можеби ќе треба малку време за наоѓање на драјверот на факсот. Чекајте додека драјверот на факсот не се прикаже на листата, а потоа додадете го драјверот на факсот со истата постапка.