Факсовите може да ги прима печатач и да се зачувуваат во PDF-формат на компјутер поврзан со печатачот. Користете ја FAX Utility (апликација) за да одредувате поставки.
За детали за користењето на FAX Utility, погледнете Basic Operations во помошта на FAX Utility (прикажана на главниот прозорец). Ако на компјутерскиот екран се прикаже екранот за внесување лозинка додека ги одредувате поставките, внесете ја лозинката. Ако не ја знаете лозинката, контактирајте со администраторот.
Пред да ја користите функцијава, проверете дали се инсталирани FAX Utility и двигателот PC-FAX на печатачот и дали се одредени поставките за FAX Utility.
Апликација за конфигурирање задачи за факс и за испраќање факсови (FAX Utility)
Ако не е инсталирана FAX Utility, инсталирајте ја FAX Utility со EPSON Software Updater (апликација за ажурирање софтвер).
За да примате факсови на компјутер, режимот Режим за прием на контролната табла на печатачот мора да биде поставен на авто.. Контактирајте со администраторот за информации околу статусот на поставките за печатачот. За да одредувате поставки преку контролната табла на печатачот, изберете Поставки > Општи поставки > Поставки на факс > Осн поставки > Режим за прием.
Компјутерот што е поставен за примање факсови треба секогаш да биде вклучен. Примените документи привремено се зачувуваат во меморијата на печатачот пред документите да се зачуваат на компјутер. Ако го исклучите компјутерот, меморијата на печатачот може да се наполни и нема да може да испраќа документи до компјутерот.
Бројот на документи коишто привремено се зачувани во меморијата на печатачот се прикажува на
на контролната табла на печатачот.
За да ги читате примените факсови, инсталирајте PDF-прегледувач, како на пр. Adobe Reader на компјутерот.