> Во вакви ситуации > Одделно инсталирање на апликациите

Одделно инсталирање на апликациите

Поврзете го вашиот компјутер на мрежата и инсталирајте ја последната верзија на апликациите од веб-локацијата. Најавете се на вашиот компјутер како администратор. Внесете ја администраторската лозинка ако компјутерот ви ја побара.

Белешка:

Кога преинсталирате апликација, потребно е прво да ја деинсталирате.

  1. Погрижете се печатачот и компјутерот да бидат достапни за комуникација и печатачот да биде поврзан на интернет.

  2. Стартувајте ја Epson Software Updater.

    Сликата од екранот е пример од Windows.

  3. За Windows, изберете печатач и кликнете на за да ги пребарате најновите достапни апликации.

  4. Изберете ги ставките коишто сакате да ги инсталирате или да ги ажурирате и кликнете на копчето за инсталирање.

    Важно:

    Не вадете го кабелот од печатачот и не исклучувајте го додека не заврши ажурирањето. Тоа може да предизвика дефект на печатачот.

    Белешка:
    • Може да ги преземете најновите апликации од веб-локацијата на Epson.

      http://www.epson.com

    • Ако користите оперативни системи Windows Server, не може да користите Epson Software Updater. Преземете ги најновите апликации од веб-локацијата на Epson.