Продолжете привремено да печатите само со црно мастило (Windows)

Направете нешто од следново.

  • Кога ќе се прикаже следниов прозорец, изберете Печати во црно.

  • Кога ќе се прикаже следниов прозорец, откажете го печатењето. Потоа, печатете повторно.

Белешка:

Ако не можете да го откажете печатењето од компјутерот, откажете го преку контролната табла на печатачот.

Следете ги чекорите подолу при повторно печатење.

  1. Отворете го прозорецот на двигателот за печатачот.

  2. Отстранете го знакот за избор од Без рамки на картичката Главна.

  3. Изберете Вид хартија што поддржува Печати во црно.

  4. Изберете Сива палета.

  5. Одредете ги останатите ставки во картичките Главна и Повеќе опции според потребите, а потоа кликнете OK.

  6. Кликнете Печати.

  7. Кликнете Печати во црно во прикажаниот прозорец.