Печатачот е стандардно поставен да печати примени факсови. Покрај печатење, може да поставите печатачот да ги зачувува примените факсови.
Сандаче во печатачот
Примените факсови може да ги зачувувате во Сандаче. Може да ги прегледувате на контролната табла на печатачот, за да може да ги печатите само оние што сакате да ги печатите или за да ги избришете непотребните факсови.
Компјутер (прием PC-FAX)
Горенаведените функции може да се користат во исто време. Ако ги користите во исто време, примените документи се зачувуваат во дојдовното сандаче и на компјутерот. За да примате факсови на компјутер, одредете поставки со помош на FAX Utility.
Одредување поставки за испраќање и примање факсови на компјутер
Изберете Поставки на контролната табла на печатачот.
Изберете Општи поставки > Поставки на факс > Поставки за прием > Излез за факс.
Ако се прикаже порака за потврда, потврдете ја и допрете Во ред.
Изберете Зачувај во сандаче.
Изберете Зачувај во сандаче за да го поставите ова на Вкл..
Изберете Опер. при исп. капац. на факс под., па изберете ја опцијата којашто сакате да ја користите кога дојдовното сандаче е полно.
Може да поставите лозинка за дојдовното сандаче. Изберете Поставки за лозинка на Сандаче и поставете ја лозинката.
Не може да поставите лозинка кога Опер. при исп. капац. на факс под. е поставено на Прими и печати факсови.