Некои ставки може да не бидат достапни во зависност од методот на скенирање што сте го избрале или другите поставки што сте ги одредиле.
Опции од менито за скенирање
Црно-бело/Боја
Изберете дали да скенирате во боја или црно-бело.
JPEG/PDF
Изберете го форматот во којшто сакате да ја зачувате скенираната слика.
Об. на ск.
Изберете ја областа за скенирање. За да го исечете белиот простор околу текстот или сликата кога скенирате, изберете Автоматско сечење. За да скенирате максимална површина од стаклото на скенерот, изберете Максимална област.
Oриентација на оригиналот:
Изберете ја ориентацијата на оригиналот.
Тип на документ
Изберете го типот на оригиналот.
Густина
Изберете го контрастот на скенираната слика.
Отстрани сенка
Отстранете ги сенките на оригиналот што се појавуваат во скенираната слика.
Опкружување:
Отстранете ги сенките на рабовите на оригиналот.
Центар:
Отстранете ги сенките на маргината за подврзување на брошурата.
Отстрани дупки
Отстранете ги продупчувањата што се појавуваат на скенираната слика. Може да ја одредите областа за бришење на продупчувањата така што ќе внесете вредност во десното поле.
Позиција на бришење:
Изберете ја положбата за отстранување на продупчувањата.
Oриентација на оригиналот:
Изберете ја ориентацијата на оригиналот.
Бриши ги пост.
Ги ресетира поставките за скенирање и ги заменува со нивните стандардни вредности.