Проверете ја грешката прикажана на контролната табла и следете ги инструкциите за вадење на заглавената хартија, вклучувајќи ги и искинатите парчиња. Потоа избришете ја грешката. На LCD-екранот се прикажува анимацијата со којашто се објаснува како да ја извадите заглавената хартија.
Никогаш не допирајте ги копчињата на контролната табла додека раката ви е во печатачот. Ако печатачот започне да работи, може да ве повреди. Внимавајте да не ги допирате извлечените делови за да избегнете повреда.
Отстранете ја заглавената хартија внимателно. Насилно отстранување на хартијата може да го оштети печатачот.