|
Безбедност |
UL62368-1 CAN/CSA-C22.2 No.62368-1 |
|
Електромагнетна компатибилност |
FCC Part 15 Subpart B Class B CAN ICES-3 (B)/NMB-3 (B) |
Опремата го содржи следниов безжичен модул.
Производител: Seiko Epson Corporation
Тип: J26H006
Производот е во согласност со Дел 15 од правилата на FCC и RSS-210 од правилата на IC. Epson не презема одговорност за неисполнување на барањата за заштита поради непрепорачана модификација на производот. За работењето на уредот важат следниве услови: (1) не смее да предизвикува штетни пречки и (2) мора да ги прифаќа примените пречки, вклучително и пречките што може да предизвикаат несакано дејство на уредот.
За да се спречат радиопречки на лиценцираната услуга, уредот е наменет за употреба во затворен простор и подалеку од прозорци со цел да се обезбеди максимална заштита. Опремата (или нејзината предавателна антена) која е поставена надвор подлежи на лиценцирање.
Оваа опрема е сообразна со ограничувањата на FCC/IC за изложеност на зрачење одредени за неконтролирана средина и се придржува до насоките на FCC за изложеност на радиофреквентна енергија (RF) во Прилогот C на OET65 и RSS-102 од правилата на IC за изложеност на радиофреквентна енергија (RF). Оваа опрема треба да се инсталира и да се користи така што емитерот ќе биде оддалечен најмалку 7,9 in. (20 cm) или повеќе од телото на корисникот (со исклучок на екстремитетите: дланки, рачни зглобови, стапала и ножни зглобови).