> Во вакви ситуации > Директно поврзување паметен уред и печатач (Wi-Fi Direct) > Поврзување со уреди со користење на Wi-Fi Direct

Поврзување со уреди со користење на Wi-Fi Direct

Овој метод ви овозможува да го поврзете печатачот директно со уредите, без безжичен пренасочувач.

Белешка:

За корисниците на уреди со iOS или Android, погодно е поставувањето да се изврши од Epson Smart Panel.

Потребно е само еднаш да ги одредите овие поставки за печатачот и за уредот што сакате да го поврзете. Нема да треба повторно да ги одредувате овие поставки, освен ако оневозможите Wi-Fi Direct или ако ги вратите мрежните поставки на стандардните.

  1. Допрете на почетниот екран.

  2. Допрете Wi-Fi Direct.

  3. Допрете Започни со поставување.

  4. Изберете Други методи.

  5. Изберете Други OS уреди.

  6. На екранот за Wi-Fi на уредот, изберете ја SSID прикажана на контролната табла на печатачот, а потоа внесете ја лозинката.

  7. Од екранот на апликацијата за печатење за уредот, изберете го печатачот со кој сакате да се поврзете.

  8. На контролната табла на печатачот, изберете Свршено.

За уреди што биле претходно поврзани со печатачот, изберете го името на мрежата (SSID) на екранот за Wi-Fi на уредот за да извршите повторно поврзување.

Белешка:

Ако користите уред со iOS, може да го поврзете и со скенирање на QR-кодот со стандардната камера на iOS. Отворете го линкот подолу https://epson.sn.