> Одржување на печатачот > Подобрување на квалитетот на печатење, копирање, скенирање и факс > Чистење на патеката на движење на хартијата од дамки од мастило

Чистење на патеката на движење на хартијата од дамки од мастило

Кога отпечатените примероци се замачкани или изгребани, исчистете го валјакот во печатачот.

  1. Изберете Одржување на контролната табла на печатачот.

  2. Изберете Чис. на вод. за ха..

  3. Следете ги инструкциите на екранот за да ставите хартија и да ја исчистите патеката на хартијата.

  4. Повторувајте ја оваа постапка додека хартијата да престане да се замачкува со мастило.

  5. Кога не може да го отстраните проблемот откако ќе ја исчистите патеката на хартијата, делот во внатрешноста на печатачот којшто е прикажан на сликата е замачкан. Исклучете го печатачот и избришете го мастилото користејќи чепкалка за уши.

    Важно:
    • Не користете хартиени салфети за чистење на внатрешноста на печатачот. Прскалките на главата за печатење може да се затнат со влакненца.

    • Не допирајте ги деловите прикажани во следнава илустрација. Така може да предизвикате дефект.