Користење на режимот Рачно

Режимов главно служи за воспоставување телефонски повици, но и за примање и испраќање факсови.

Примање факсови

Кога ќе заѕвони телефонот, може да одговорите рачно, кревајќи ја слушалката.

  • Кога ќе слушнете тон за факс:

    Изберете Факс на почетниот екран на печатачот, изберете Испрати/ Прими > Прими, а потоа допрете . Потоа, спуштете ја слушалката.

  • Ако ѕвонењето е за гласовен повик:

    Може да одговорите на телефонскиот повик како и вообичаено.

Примање факсови користејќи го само поврзаниот телефон

Кога е поставен режимот Далечин. примање, може да примате факсови со едноставно внесување на Код за старт.

Кога ќе заѕвони телефонот, кренете ја слушалката. Кога ќе чуете тон за факс, бирајте го двоцифрениот Код за старт, а потоа спуштете ја слушалката.