> Во вакви ситуации > Додавање или менување на врската на печатачот > За да поставите печатач на повеќе компјутери

За да поставите печатач на повеќе компјутери

Иако неколку компјутери може да се поврзат на истиот безжичен насочувач, на секој компјутер може да му се додели различна SSID.

Ако со SSID доделени од безжичниот насочувач не се постапува како со иста мрежа, тогаш секој компјутер ефективно се поврзува со различна мрежа. Кога ќе започнете да го поставувате печатачот од компјутерот А, печатачот се додава на истата мрежа како и компјутерот А дозволувајќи му на компјутерот А да печати од него.

Дополнително, ако започнете да го поставувате печатачот од компјутерот Б во конфигурацијата прикажана погоре, печатачот се поставува на мрежата на компјутерот Б дозволувајќи му на компјутерот Б да печати, но не и на компјутерот А.

За да спречите да се случи тоа, кога сакате да поставите вмрежен печатач од втор компјутер, стартувајте ја датотеката за инсталација на компјутерот поврзан со истата мрежа како и печатачот. Ако печатачот се наоѓа на истата мрежа, печатачот нема повторно да се конфигурура за мрежата и ќе го постави печатачот подготвен за употреба.