Може да отпечатите извештај за мрежна врска за да го проверите статусот меѓу печатачот и безжичниот насочувач.
Изберете Поставки на почетниот екран.
Изберете Општи поставки > Поставки за мрежа > Проверка на конекција.
Започнува проверката на врската.
Следете ги упатствата на екранот на печатачот за да отпечатите извештај за мрежна врска.
Ако настанала грешка, проверете го извештајот за мрежна врска и следете ги отпечатените решенија.