Направете ги следниве поставувања кога го користите печатачот во канцеларии каде се користат локали и има потреба од кодови за надворешен пристап, како што се 0 и 9, за да се избере надворешна линија.
Изберете Поставки од контролната табла на печатачот.
Изберете Општи поставки > Поставки на факс > Осн поставки.
Изберете Тип линија, а потоа изберете PBX.
При испраќање факс на надворешен факс број користејќи # (тараба) наместо фактичкиот код за надворешен пристап, изберете го полето Код за пристап за да го направите ова на Упот..
Тарабата (#), внесена наместо фактичкиот код за пристап, се заменува со зачуваниот код за пристап кога повикувате. Употребата на # помага да се избегнат проблеми при поврзувањето со надворешна линија.
Не може да испраќате факсови на приматели во Контакти што имаат надворешни кодови за пристап како на пр. 0 и 9.
Ако имате регистрирано приматели во Контакти користејќи надворешен код за пристап како на пр. 0 и 9, поставете го Код за пристап на Не употр.. Во спротивно, мора да го промените кодот во # во Контакти.
Допрете на полето за внес Код за пристап, внесете го кодот за надворешен пристап којшто го користите за телефонскиот систем и допрете на Во ред.
Изберете Во ред за да ги примените поставките.
Кодот за пристап ќе се зачува во печатачот.