За да ја користите функцијава, погрижете се следниве апликации да бидат инсталирани на компјутерот.
Epson ScanSmart (Windows 7 или понова верзија, OS X El Capitan (10.11) или понова верзија)
Epson Event Manager (Windows Vista/Windows XP или OS X Yosemite (10.10)/OS X Mavericks (10.9.5))
Epson Scan 2 (апликација потребна за да се користи функцијата на скенерот)
Направете го следново за да проверите кои апликации се инсталирани.
Windows 11: кликнете на копчето за стартување, а потоа проверете во папката All apps > Epson Software > Epson ScanSmart и во папката EPSON > Epson Scan 2.
Windows 10: кликнете го копчето Старт, а потоа проверете во папката Epson Software > Epson ScanSmart и во папката EPSON > Epson Scan 2.
Windows 8.1/Windows 8: внесете го името на апликацијата во полето за пребарување, а потоа проверете ја прикажаната икона.
Windows 7: кликнете го копчето Старт, а потоа изберете Сите програми. Потоа, проверете во папката Epson Software > Epson ScanSmart и во папката EPSON > Epson Scan 2.
Windows Vista/Windows XP: кликнете го копчето Старт, а потоа изберете Сите програми или Програми. Потоа, проверете во папката Epson Software > Epson Event Manager и во папката EPSON > Epson Scan 2.
Mac OS: изберете Оди > Апликации > Epson Software.
Ставете ги оригиналите.
Изберете Скенирај > Компјутер на контролната табла.
Изберете компјутер на којшто сакате да ги зачувате скенираните слики.
, а потоа изберете друг компјутер.
Изберете
за да изберете како да ја зачувате скенираната слика на компјутер.
Допрете
.
Кога користите Windows 7 или понова верзија, OS X El Capitan (10.11) или понова верзија: Epson ScanSmart автоматски стартува на компјутерот и скенирањето започнува.
Погледнете ја помошта за Epson ScanSmart за детални информации во врска со користењето на софтверот. Кликнете Help на екранот Epson ScanSmart за да ја отворите помошта.
Скенирањето може да го започнете не само од печатачот, туку и од компјутерот со Epson ScanSmart.