Пред да контактирате со Epson

Ако вашиот производ Epson не работи правилно и не можете да го решите проблемот со информациите за решавање проблеми во прирачниците на производот, контактирајте со службата за поддршка на Epson за помош.

Следниов список со служби за поддршка на Epson се заснова на земјата во која била извршена продажбата. Некои производи може да не се продаваат во вашата тековна локација, па треба да контактирате со соодветната служба за поддршка на Epson за областа во која сте го купиле производот.

Ако службата за поддршка на Epson за вашата област не е наведена подолу, контактирајте со продавачот од каде што сте го купиле производот.

Службата за поддршка на Epson ќе може да ви помогне многу побрзо ако ги обезбедите следниве информации:

  • Сериски број на производот

    (Етикетата со серискиот број обично е одзади на производот.)

  • Модел на производот

  • Верзија на софтверот на производот

    (Кликнете About, Version Info или слично копче во софтверот на производот.)

  • Бренд и модел на компјутерот

  • Името и верзијата на оперативниот систем на компјутерот

  • Имиња и верзии на софтверските апликации што обично ги користите со производот

Белешка:

Зависно од производот, податоците од списокот за бирање броеви за факс и/или мрежните поставки може да се складирани во меморијата на производот. Податоците и/или поставките може да се изгубат поради дефект или поправка на производот. Epson не одговара за загуба на податоци, за правење резервни копии или враќање податоци и/или поставки дури и во текот на гарантниот рок. Препорачуваме самите да си направите резервна копија од податоците или да ги запишете.