> Во вакви ситуации > Додавање или менување на врската на печатачот > Поставување на статична IP-адреса за печатачот

Поставување на статична IP-адреса за печатачот

Овој дел опишува како да ги одредите поставките од контролниот панел на печатачот.

  1. Изберете Поставки на почетниот екран на печатачот.

  2. Изберете Општи поставки > Поставки за мрежа > Напредно > TCP/IP.

  3. Изберете Добиј IP Адреса, а потоа изберете Рачно.

  4. Внесете ја IP-адресата.

    Фокусот се преместува до предниот или задниот сегмент одвоени со точка ако изберете и .

    Потврдете ја вредноста прикажана на претходниот екран.

  5. Поставете ги Маска на подмрежа и Стандарден излез.

    Потврдете ја вредноста прикажана на претходниот екран.

    Важно:

    Ако комбинацијата од IP адреса, Маска на подмрежа и Стандарден излез е неточна, не можете да продолжите со поставките. Погрижете се да нема грешка во ставката.

  6. Внесете ја IP-адресата за примарниот DNS-сервер.

    Потврдете ја вредноста прикажана на претходниот екран.

    Белешка:

    Кога ќе изберете Автоматски за поставки за IP-адреса, може да изберете поставки за DNS-сервер од Рачно или Автоматски. Ако не може автоматски да ја добиете адресата за DNS-сервер, изберете Рачно и внесете ја адресата за DNS-сервер. Потоа, директно внесете ја адресата за секундарниот DNS-сервер. Ако изберете Автоматски, одете на чекор 8.

  7. Внесете ја IP-адресата за секундарниот DNS-сервер.

    Потврдете ја вредноста прикажана на претходниот екран.

  8. Допрете Започни со поставување.