Печатачот е стандардно поставен да печати примени факсови. Покрај печатење, може да поставите печатачот да ги зачувува примените факсови.
Сандаче во печатачот
Примените факсови може да ги зачувувате во Сандаче. Може да ги прегледувате на контролната табла на печатачот, за да може да ги печатите само оние што сакате да ги печатите или за да ги избришете непотребните факсови.
Надворешен мемориски уред
Може да одредите примените документи да се претворат во PDF-формат и да ги зачувате во надворешен мемориски уред поврзан со печатачот.
Компјутер (прием PC-FAX)
Горенаведените функции може да се користат во исто време. Ако ги користите во исто време, примените документи се зачувуваат во приемното сандаче, во надворешен мемориски уред и на компјутер. За да примате факсови на компјутер, одредете поставки со помош на FAX Utility.