> Одржување на печатачот > Подобрување на квалитетот на печатење, копирање, скенирање и факс > Чистење на патеката на движење на хартијата од дамки од мастило

Чистење на патеката на движење на хартијата од дамки од мастило

Кога отпечатените примероци се замачкани или изгребани, исчистете го валјакот во печатачот.

Важно:

Не користете хартиени салфети за чистење на внатрешноста на печатачот. Прскалките на главата за печатење може да се затнат со влакненца.

  1. Изберете Одржување од контролната табла на печатачот.

  2. Изберете Чистење на водичот за хартија.

  3. Изберете го изворот на хартија, ставете обична хартија A4 во изворот на хартија што го избравте, а потоа следете ги инструкциите на екранот за да ја исчистите патеката на хартијата.

    Ставање хартија

    Белешка:

    Повторувајте ја оваа постапка додека хартијата да престане да се замачкува со мастило. Ако отпечатениот материјал и понатаму е размачкан или изгребан, исчистете ги и другите извори на хартија.