Може автоматски да се поврзете со безжичен насочувач со помош на PIN-код. Може да го користите овој метод за поставување ако безжичниот насочувач поддржува WPS (Wi-Fi Protected Setup). Користете компјутер за да внесете PIN-код во безжичниот пренасочувач.
Допрете
на почетниот екран.
Изберете Wi-Fi (Препорачано).
Ако печатачот е веќе поврзан преку Ethernet, изберете Пренасочувач.
Допрете Започни со поставување.
Ако мрежната конекција е веќе поставена, се прикажуваат деталите за конекција. Допрете Промени поставки за да ги промените поставките.
Ако печатачот е веќе поврзан преку Ethernet, допрете на Промени во Wi-Fi конекција. и изберете Да откако ќе ја проверите пораката.
Изберете Други > PIN шифра за пост. (WPS).
Користете го компјутерот за да го внесете PIN-кодот (осумцифрениот број) прикажан на контролната табла на печатачот, во безжичниот насочувач во рок од две минути.
Погледнете ја документацијата испорачана со безжичниот пренасочувач за детали за внесување PIN-код.
Допрете на Започни со поставување на контролната табла на печатачот.
Затворете го екранот.
Екранот автоматски се затвора по одреден временски период.
Ако поврзувањето не успева, рестартирајте го безжичниот насочувач, поместете го поблизу до печатачот и обидете се повторно. Ако и понатаму не работи, отпечатете извештај за конекција и проверете го решението.
Затворете го екранот Поставки за мрежна конекција.