Може да испратите факс додека ги слушате звуците и гласовите преку звучникот на печатачот во текот на бирањето, комуникацијата и преносот. Може да ја користите функцијава и кога сакате да примите факс од услуга за информации за факс следејќи ги гласовните упатства.
Изберете Факс на почетниот екран.
По потреба, изберете ја картичката Поставки на факс и одредете ги поставките, на пр. резолуцијата и начинот на испраќање. Кога ќе завршите со правење на поставки, изберете го јазичето Примач.
Допрете на
и одредете го примачот.
Може да ја приспособувате јачината на звукот на звучникот.
Кога ќе слушнете тон за факс, изберете Испрати/ Прими во горниот десен агол на LCD-екранот и изберете Испрати.
Кога примате факс од услугата за информации за факс и слушате гласовни упатства, следете ги упатствата за да ги извршите потребните постапки на печатачот.
Допрете
за да го испратите факсот.
Кога ќе завршите со испраќање, извадете ги оригиналите.