Картичка Одржување

Проверка на прскалката на главата за печатење:

Печати шаблон за проверка на прскалките за да проверите дали прскалките на главата за печатење се затнати.

Чистење на главата за печатење:

Ги чисти затнатите прскалки во главата за печатење. Бидејќи оваа функција троши одредено количество мастило, чистете ја главата за печатење само ако се затнати прскалките. Отпечатете шаблон за проверка на прскалките за печатење, а потоа изберете Чистење.

Аранжер на налози Лајт:

Се отвора прозорецот Аранжер на налози Лајт. Овде може да ги отворате и да ги уредувате претходно зачуваните податоци.

EPSON Status Monitor 3:

Се отвора прозорецот EPSON Status Monitor 3. Овде може да го потврдите статусот на печатачот или на потрошните материјали.

Преференци за следење:

Може да направите поставки за ставките во прозорецот EPSON Status Monitor 3.

Проширени поставки:

Може да направите различни поставки. Кликнете со десното копче на секоја ставка за да видите Помош за повеќе информации.

Ред. за печатење:

Се прикажуваат задачи коишто чекаат да бидат отпечатени. Може да ги проверите, да ги паузирате или да продолжите со задачите за печатење.

Јазик:

Го менува јазикот којшто треба да го користите во прозорецот за двигател на печатач. За да ги примените поставките, затворете го двигателот на печатач и повторно отворете го.

Ажурирање софтвер:

Започнува EPSON Software Updater за да проверите дали има најнова верзија на апликации на интернет.

Нарачување онлајн:

Може да пристапите на страницата каде што може да купите касети за мастило на Epson.

Техничка поддршка:

Прирачникот се прикажува ако е инсталиран на компјутерот. Ако не е инсталиран, може да ја посетите веб-локацијата на Epson за да ги прегледате прирачникот и достапната техничка помош.