Можете да примите факс зачуван на друга факс-машина бирајќи го бројот за факс. Користете ја оваа функција за да примите документ од информативна услуга преку факс. Меѓутоа, ако информативната услуга за факс има функција за звучни инструкции што треба да се следат за да примите документ, не ќе можете да ја користите функцијава.
За да примите документ преку информативна услуга преку факс што користи звучно наведување, само свртете го бројот за факс користејќи го поврзаниот телефон и ракувајте со телефонот и печатачот следејќи го звучното наведување.
Изберете Факс на почетниот екран.
Допрете
(Повеќе).
Допрете Примање на повик за да го поставите ова на Вкл., а потоа допрете Затвори.
Внесете го бројот на факсот.
Кога Поставки за безбедност > Забрани за дир. бирање е поставено на Вкл., може да изберете примачи на факс само од списокот со контакти или од историјата на испратени факсови. Не можете рачно да внесете број на факс.
Допрете
.