Прочитајте ги следниве инструкции пред да ја менувате кутијата за одржување.
Не допирајте го зелениот чип странично на кутијата за одржување. Тоа може да влијае врз нормалното работење и печатење.
Не навалувајте ја искористената кутија за одржување додека не се стави и запечати во пластичната ќеса; во спротивно може да протече мастило.
Чувајте ја кутијата за одржување настрана од директна сончева светлина.
Не чувајте ја кутијата за одржување на високи или екстремно ниски температури.
Не заменувајте ја кутијата за одржување во текот на печатењето; во спротивно може да протече мастило.
Не користете ја повторно кутијата за одржување што била извадена и оставена подолг период. Мастилото во кутијата се стврднало и не може да се апсорбира повеќе мастило.
Не вадете ја кутијата за одржување освен кога ја заменувате, во спротивно може да протече мастило.