Поставки на извештај

На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени.

Поставки > Општи поставки > Поставки на факс > Поставки на извештај

Белешка:

На екранот Web Config, може да го најдете долунаведеното мени.

Картичка Fax > Report Settings

Автоматско печатење дневник на факс:

Автоматски ја печати евиденцијата за факсови. Изберете Вклучено(На секои 30) за да се отпечати евиденција секогаш кога ќе се завршат 30 задачи за факс. Изберете Вклучено (време) за да се отпечати евиденцијата во назначено време. Меѓутоа, ако бројот на задачи за факс надмине 30, евиденцијата ќе се отпечати пред одреденото време.

Прикачи слика на извештај:

Печати Извештај за трансимисија со слика од првата страница на испратениот документ. Изберете Вклучено (голема слика) за да се отпечати горниот дел од страницата без намалување. Изберете Вклучено (мала слика) за да се отпечати целата страница, намалувајќи ја за да се вклопи во извештајот.

Формат на извештај:

Избира формат за извештаи за факсовите во Факс > картичка Повеќе > Извештај за факс различен од Рута за протокол. Изберете Детали за да печатите со кодовите за грешка.